Мнозинството Американци се против давање дополнителна помош за Украина

илустрација

Повеќето Американци се противат на Конгресот да одобри дополнително финансирање за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена од организацијата ССРС, бидејќи јавноста се подели околу тоа дали Соединетите Држави веќе направиле доволно за да и помогнат на Украина.

Генерално, анкетата покажува дека 55% од испитаниците велат дека Конгресот на САД не треба да одобри дополнително финансирање за поддршка на Украина, наспроти 45 отсто кои сметаат дека Конгресот треба да одобри такво финансирање. Околу 51% се изјасниле дека САД веќе направиле доволно за да и помогнат на Украина, додека 48% велат дека треба да направат повеќе.

Анкетата спроведена во раните денови на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година покажа дека 62 отсто сметаат дека САД треба да направат повеќе за да и помогнат на Украина.

Видете и ова: САД најавија воена помош од 400 милиони долари за Украина

Партиските поделби се продлабочија и по оваа анкета, при што повеќето демократи и републиканци сега се на спротивставени страни на прашањата за улогата на САД во Украина.

Мнозинството, но не сите (68%) од оние кои велат дека САД треба да направат повеќе за да ја поддржат Украина, се ЗА дополнително финансирање, а 23% се од оние кои велат дека САД веќе направиле доволно.

На конкретното прашање за видовите помош што Соединетите Држави би можеле да и ги пружат на Украина, постои поширока поддршка за помош со собирање разузнавачки информации (63%) и воена обука (53%), отколку за помош преку обезбедување оружје (43%).

Многу мала или 17 проценти е поддршката за учество на американските воени сили во борбени операции во Украина.