Трае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село.
На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот.
По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули. Од ЕВН тогаш кажаа дека поголем процент од домаќинствата во Слупчане не плаќаат струја.
Видете и ова:
Неплаќачите на струја условуваат, институциите мируваатЖителите имаа повеќе барања. ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село. Тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3 000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања.