Од Амбасадата на Украина во Белград за Радио Слободна Европа (РСЕ) велат дека немаат информации за посета на српскиот опозициски лидер Радет Басте на украинскиот претседател, но дека српскиот претседател Александар Вучиќ е поканет да ја посети Украина.
На прашањето на РСЕ, тие изјавија дека немаат информации за можност за организирање средба меѓу претседателот на Украина Зеленски и опозицискиот политичар од Србија, Радет Баста, чие движење Европски пат на 31 јули објави дека Баста планира наскоро да го посети претседателот на Украина.
Видете и ова: Папата Франциск со апел до Русија да го оживее Црноморскиот договор за житоВо писмената изјава на Амбасадата на Украина во Белград до Радио Слободна Европа (РСЕ), се нагласува дека поканата е испратена до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Во контекст на организирање евентуални посети/средби на претставници на Србија со раководството на Украина, Амбасадата може да го потврди постоењето на покана до раководството на Србија, пред се претседателот Александар Вучиќ, да ја посети Украина во блиска иднина“, се наведува во соопштението на Амбасадата од 1 август.
Во одговорот се нагласува дека „секој пријател на Украина е добредојден“ и дека високо ја ценат позицијата на Радет Баста „во врска со поддршката на борбата на Украина за нејзината слобода и европскиот избор“.