Судот на далечниот исток на Русија ја поништи одлуката на понискиот суд да го префрли во помалку рестриктивна психијатриска клиника jакутскиot шаман, кој стана познат низ целата земја по неговите обиди да маршира до Москва за да би протера претседателот Владимир Путин од Кремљ.
Адвокатот на Александар Габишев, Алексеј Прјанишников, за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека на 28 јули, Регионалниот суд на Приморје во Владивосток ја донел одлуката два дена претходно.
„Убеден сум дека немаше никакви причини, ниту правни ниту процесни, за одлуката на судот од 26 јули“, рече Прјаников.
Точно еден месец пред изрекувањето на одлуката на регионалниот суд во Приморје, судот во градот Усуријск донесе одлука Габишев да биде префрлен во „општа психијатриска клиника“.
Видете и ова:
Навални го загуби статусот „затвореник на совеста“, но кои го имаат?Обвинителите ја обжалија одлуката и сега случајот е вратен на повторно разгледување во Окружниот суд Усуријск, рече Пријаников.
Пријаников претходно рече дека додека неговиот клиент бил во рестриктивна психијатриска клиника, тој бил насилно лекуван со халоперидол -- антипсихотичен лек кој се користи за лекување на шизофренија и слични болести. На Габишев никогаш претходно не му било дијагностицирано психијатриско нарушување.
Габишев, кој беше повеќепати запиран од руските власти од 2019 година кога се обиде да маршира од родниот сибирски регион Јакутија до Москва со наведената цел да го избрка Путин, беше испратен против негова волја во психијатриска клиника во 2021 година, откако беше прогласен за „ментално неспособен“ од страна на судот.
За време на рочиштето, судот го обвини дека извршил „насилно дело врз полицаец“ кога насилно бил одведен од неговиот дом на крајот на јануари 2021 година за да биде однесен во психијатриска клиника.
Пресудата беше оспорена од адвокатите и поддржувачите на Габишев кои велат дека неговото притворање е обид да се замолчи несогласувањето.
Габишев првпат се најде на насловните страници во март 2019 година кога го нарече Путин „злобен“ и објави дека ќе маршира кон Москва за да го протера рускиот претседател.
Потоа пешачеше повеќе од 2.000 километри, попатно разговарајќи со Русите.