Оскаровецот Спејси ослободен од обвинувањата за сексуален напад

Судот во Лондон пресуди дека оскаровецот Кевин Спејси е невин по обвиненијата за сексуален напад на четворица мажи. По читањето на пресудата на 26 јули, Спејси, кој е ослободен од вина, пушти солзи, јавува новинската агенција ДПА.

Тој беше обвинет за девет сексуални престапи во период од 2001 до 2013 година. На 64 годишната холивудска ѕвезда и се судеше пред судот во Саутворк, Лондон.

По 12 часа и 26 минути, поротата го ослободи Спејси од седум точки од обвинението за сексуален напад, една точки од обвинението за предизвикување лице на сексуална активност без согласност и една точка за предизвикување лице на инволвирање на пенетративна сексуална активност без согласност.

Видете и ова: Кевин Спејси обвинет за четири случаи на сексуално злоставување во Велика Британија

Главниот лик во култните „Американска убавина“ и „Куќа од карти“ во завршните зборови ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека обвинувањата против него се „лудило“ и „нож во грб“.

Наводните инциденти се случиле во Лондон во периодот од март 2005 до август 2008 година, како и во западна Англија во април 2013 година. Спејси од 2004 до 2015 година го водеше лондонскиот театар Олд Вик.