САД најавија воена помош од 400 милиони долари за Украина

Навигација за воениот дрон „Хорнет“, од арсеналот на оружје што САД ќе го испратат во Украина.

Соединетите Американски Држави на 25 јули објавија дополнителна безбедносна помош за Украина во вредност од 400 милиони долари, соопшти Пентагон.

Новата американска помош за Украина вклучува муниција за противвоздушна одбрана, оклопни возила, противоклопно оружје и „друга опрема за да и помогне на Украина да се спротивстави на тековната руска војна за агресија“.

За првпат во Украина ќе бидат испратени и дронови Хорнет.

Видете и ова: Г7 подготвува посебен безбедносен пакет за Украина

Помошта е 43-то повлекување на опрема од залихите на Министерството за одбрана за Украина од август 2021 година, се вели во соопштението на Пентагон.