Руски борбен авион прелета на неколку метри од американско беспилотно летало над Сирија и истрела проектили кон него, погодувајќи го американскиот дрон и оштетувајќи го неговиот пропелер, соопштија Воздухопловните сили на Соединетите американски држави (САД) на 25 јули.
Ова е последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен.
Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон Ем Кју -9 Рипер (MQ-9 Reaper) кој учествувал во мисијата против ИСИС над Сирија. Тие додадоа дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.
Видете и ова: Над 238.000 убиени во конфликти ширум светот во 2022 годинаЕкипажот на дронот успеа да го контролира леталото и да го врати во матичната база.
„Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, рече генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.