Грета Тунберг казнета поради непочитување на полицијата

Шведската климатска активистка Грета Тунберг

Шведската климатска активистка Грета Тунберг била казнета поради непочитување на полицијата кога и кажале да ги напушти протестите во јужниот шведски град Малме на 19 јуни.

Тунберг призна дека учествувала во протестите и не ја послушала наредбата на полицаецот, но се изјаснила дека не е виновна и дека така постапила бидејќи тоа било неопходно.

„Моето однесување е оправдано. Верувам дека сме во итна ситуација која е опасна по животот, здравјето и имотот. Безброј луѓе и заедници се изложени на ризик и на краток и на долг рок“, изјави Тунберг на суд, а пренесе шведскиот весник „Сидсвенскан“.

Видете и ова:

ОН- Климатските промени носат „застрашувачка иднина“

Казната ќе се заснова на пријавениот приход на Тунберг и засега не е јасно колку таа ќе треба да плати.

Тунберг беше дел од групата демонстранти кои го блокираа патот за камиони со нафта во пристаништето Малме. Таа беше обвинета затоа што не заминала кога полицијата и наредила.