ОН во комуникација со Северна Кореја за приведениот американски војник

Колиби со сини покриви, подигната бетонска плоча и малку чакал ги дели двете Кореи во Панмунџом, најтешко вооружената граница во светот

Заменик-командантот на командата на ОН денеска соопшти дека се започнати разговори со Северна Кореја во врска со случајот со американскиот војник кој минатата недела влезе во Северна Кореја преку силно вооружената граница меѓу двете Кореи.

Генералот Ендру Харисон рече дека процесот започнал преку линијата на комуникација воспоставена според договорот за примирје што ги прекина борбите во Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Видете и ова:

Чудно погранично село меѓу двете Кореи

Тој посочи дека добросостојбата на војникот Тревис Кинг останува главната грижа на командата и не даде дополнителни детали наведувајќи ја чувствителноста на разговорот.

Северна Кореја јавно не коментираше за Кинг, кој нелегално ја премина границата во вторникот минатата недела.

Американските власти изразија загриженост за неговата состојба и рекоа дека Северна Кореја ги игнорира нивните барања за информации за него.