Евакуација во близина на Атина и Родос поради пожарите

илустрација

Грчките власти наредија евакуација на одредени населени места во западниот дел на Атина поради големиот пожар и силните ветришта што го разгоруваат.

Градот Лутраки, на 80 километри од Атина, е еден од најзагрозените од пожарот бидејќи пожарот го прекина снабдувањето со вода во тој крајбрежен град.

Локалната противпожарна служба соопшти дека пожарникарите изгубиле контрола над пожарот во вечерните часови на 20 јули кога ветерот се засилил, а од пред три дена во пожарот изгореле 35 квадратни километри шуми и грмушки, фарми и други земјоделски површини.

Видете и ова:

Надвор од контрола пожарите на Родос и во областа Атика

Вонредна состојба е прогласена на островот Родос, каде се издадени наредби за евакуација на неколку планински области.

Противпожарната служба на Грција го интензивираше гаснењето на бесниот пожар со авиони кои пристигнаа на помош од Франција и Италија.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека противпожарната служба и цивилната заштита ќе бидат во состојба на готовност поради најавата дека топлотниот бран ќе се прошири во поголем дел од земјата.

Временските прогнози предвидуваат дека во недела температурите во Грција би можеле да достигнат до 45 Целзиусови степени.