Северна Кореја не одговори на обидите на САД да разговара за американскиот војник кој ја преминал границата меѓу двете Кореи, рекоа официјални лица во Вашингтон, додавајќи дека изгледите за негово брзо ослободување се нејасни во време на високи тензии меѓу двете земји и неактивни канали за комуникација.
Војникот Тревис (Тревис) Кинг (23), кој беше упатен во САД по отслужувањето на затворската казна во Јужна Кореја , влезе во Северна Кореја во вторникот преку демаркационата линија меѓу двете земји воспоставена во 1953 година на крајот на војната, како дел од цивилната турнеја на пограничното село Панмунџом.
Тој е првиот Американец за кој се знае дека е приведен во Северна Кореја во речиси пет години.
Видете и ова: Северна Кореја истрела две балистички ракетиАмериканскиот специјален пратеник за Северна Кореја, Сунг Ким, за време на посетата на Јапонија рече дека САД „работат многу напорно“ за да го одредат статусот и благосостојбата на Кинг и активно се ангажирани во обезбедувањето на неговата безбедност и враќање.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер претходно им изјави на новинарите дека Пентагон во вторникот контактирал со колегите од севернокорејската војска, но се уште не добил одговор од нив.
Американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека САД постојано се обиделе да стапат во контакт со Северна Кореја преку Шведска, но немало никаков одговор.
„Тие не реагираат“, рече претставникот.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на брифингот рече дека администрацијата на Бајден се уште ги собира фактите.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека е во комуникација со командата на Обединетите нации која ја надгледува ЈСА, но не коментираше повеќе.
Инцидентот се случува во време на зголемени тензии на Корејскиот полуостров. Северот продолжува да тестира балистички ракети, од кои последната дојде кога американските подморници со балистички ракети со нуклеарно оружје пристигнаа во Јужна Кореја за прв пат од 1980-тите.