Двајца загинати во невреме во Загреб, повеќемина се повредени

Во целиот град има голем број повредени од кои некои се многу тешко. (Фото илустрација)

Во невреме што денеска го зафати Загреб, загинати се двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, изјави Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Градот Загреб.

Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.

„Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова.

Таа додаде дека во целиот град има голем број повредени, од кои некои тешко.

Поради невремето итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Во западниот дел на Загреб, голем градежен кран се урна под налетот на ураганските ветрови.