Бугарското обвинителство од 15 мај годинава активно работело на случајот „Барселонагејт “ во кој се води истрага за поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов. Истрагата за овој предмет се одложува веќе 3 години.
Ова стана јасно по денешната објава на извештајот од тимот обвинители кои по наредба на времениот вршител на функција главен обвинител Борислав Сарафов ги проверуваа сите кривични дела за кои постои сомнение дека се сторени од членови и заменици членови на Советот на министри.
Извештајот што беше денеска објавен ги сумира привремените резултати од ревизијата, соопшти прес-центарот на обвинителството.
Поранешниот главен обвинител Иван Гешев на 15 мај одржа брифинг на кој рече дека му вршеле притисок да поднесе оставка и неколку пати го спомна „лицето Бојко Методиев Борисов“.
Видете и ова: Бугарскиот Врховен судски совет го разреши шефот на обвинителството ГешевПретходно бугарскиот Врховен судски совет на 12 јуни гласаше за смена на Иван Гешев од функцијата главен обвинител. Оваа одлука е донесена по речиси еден месец откако започна постапката за разрешување на Гешев.
На почетокот на јули, Борисов се откажа од имунитетот. Ова се случи откако Сарафов го зеде предметот во свои раце. Станува збор за истрага поврзана со куќа во Барселона , која е предмет на истрага за можна шема за перење пари, во која шпанските власти се сомневаат за поврзаност со Борисов.
„Истрагата се водеше нередовно, имаше периоди од два-три месеци во кои ништо не се работеше, а по средината на мај „интензитетот на дејствијата беше исклучително висок“, се наведува во извештајот.
Во него е наведено дека од 15 мај до сега се сослушани 17 сведоци, извршени се две вештачења, неколку претреси и заплени, како и барање за укинување на имунитетот на Борисов.
Увидот што го нареди Сарафов опфаќа вкупно 83 нерешени и прекинати предистражни постапки против лица со имунитет, судии, министри и „за злосторства против државата“.
Покрај „Барселонагејт“, неправилност е констатирана и во шест други случаи, меѓу кои и случај на шпионажа против висок воен офицер и судија.
Овие седум прекршочни предмети се од вкупно 55 проверени. Продолжува работата на уште 28 истраги - стари или суспендирани од категоријата „јавно значајни“, прецизираат од обвинителството.