Иранци со петиција бараат ослободување на приведените наставници

Дел од наставници приведени во 2022 година во Иран

Илјадници Иранци, вклучително и активни и пензионирани наставници и културни дејци, ги додадоа своите потписи на онлајн петицијата што ја критикува владата и бара ослободување на голем број просветни работници кои беа затворени во последните месеци поради нивната поддршка на демонстрантите кои бараат повеќе слободи.

Кампањата, се карактеризира како „граѓанска акција“ и „мал, но витален чекор“ кон ослободување на повеќе од 230 наставници и нивните синдикални активисти кои беа приведени од безбедносни служби.

До 17 јули, се собрани над 13.000 потписи од неколку здруженија на синдикат на наставници, кои ја изразиле својата поддршка за кампањата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иранска романса која не им се допадна на властите и ја санкционираа


Во официјалното соопштение на организаторите на кампањата, владиното однесување кон просветните работници е опишано како „насилство со угнетувачки мерки“. Во него се критикувани затворските казни изречени на наставниците кои протестираат во различни провинции и ја критикува владата за покренување правни постапки што резултираа со отпуштања, принудни пензионирање и протерување на уште стотици наставници низ целата земја.

Немирите, вклучително и неколку протести на наставниците, го потресоа Иран од минатото лето како одговор на падот на животниот стандард, заостанатите плати и недостатокот на поддршка за социјална помош. Законот за работни односи во Иран не го признава правото на работниците да формираат независни синдикати.

Видете и ова: Иранските власти затворија кафулиња и ресторани, гостинките не носеле хиџаб


Смртта на 22-годишната Махса Амини додека беше во полициски притвор во септември, поради наводно несоодветно носење шамија на главата, им вдахна нов живот на немирите, кои властите ширум земјата се обидоа да ги задушат со остри, а понекогаш и смртоносни мерки. Универзитетите и другите образовни и културни центри беа места за многу од протестите.

Според активистите, повеќе од 11 синдикални лидери за правата на наставниците, вклучително и значајни личности како Есмаил Абди, Расол Бадаги, Фарзанех Назаранпур и Џафар Ебрахими, во моментов отслужуваат затворска казна или се во привремен притвор.