Најмалку седуммина загинати при уривање на зграда во Каиро

илустрација

Најмалку седум лица загинаа денеска при уривање на станбена зграда во Каиро, јавија египетските државни медиуми додавајќи дека спасувачите сѐ уште ги пребаруваат урнатините.

Египетската државна новинска агенција МЕНА јави дека спасувачките тимови извлекле најмалку седум тела од под урнатините на четирикатната зграда во квартот Хадек ел-Кубах во Каиро.

Четворица преживеани биле извлечени и префрлени во болница, а надлежните служби ја евакуирале соседната станбена зграда.

Засега не е познато што го предизвикало уривањето на зградата.