Шпанецот Карлос Алкарез го победи седумкратниот побединик на Вимблодн српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Натпреварот заврши со победана Алкарез со три сета наспроти два во повеќе од четири часовната игра.
Дваесет годишниот Алкараз се прегрупираше од лошиот прв сет и спаси сет поен во вториот за да победи во сензационална битка на тениските генерации против својот 36-годишен противник во 4 часа 42 минути на првиот меч.
Младиот Алкараз стана трет- најмладиот шампион на првенството на Вимблдон после Борис Бекер и Бјорн Борг . Претходната титула на Алкараз на големите турнири дојде на минатогодишниот УС Опен „Ова е остварување на сонот за мене“, рече Алкараз.
„Одлично е да се победи, но дури и да губев, ќе бев навистина горд на себе. Правајќи историја на овој прекрасен турнир, играјќи финале против легендата на нашиот спорт. Навистина, навистина сум горд на себе, на тимот што го имам, на работата што ја вложуваме секојдневно,“ изјави Алкараз.
Видете и ова: Ѓоковиќ во првиот Извршен комитет на контроверзната асоцијација на професионални тенисериНовак Ѓоковиќ му порача на Карлос Алкараз „ја заслужува победата“ откако шпанската ѕвезда го наследи како шампион на Вимблдон во неделата.
„Каков квалитет на крајот од натпреварот кога требаше да сервираш. Можеш да играш со некои големи игри во голема ситуација и апсолутно го заслужуваш тоа“, му рече Ѓоковиќ на својот 20-годишен ривал.