Македонскиот православен народ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија и значајната поддршка од Севселенскиот патријаршија биле главната тема за која разговарал македонскиот премиер Димитар Ковачевски и Севселенскиот патријарх Вартоломеј. Ковачевски на 15 јули при посетата на градот Истанбул, ја посети Вселенската Патријаршија.
Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски бил примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имал прилика да разговара за теми од заеднички интерес.
Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.
Видете и ова: Претседателот Пендаровски се сретна со вселенскиот патријарх ВартоломејПретходно во март претседателот Стево Пендаровски се сретна со Севселенскиот патријарх Вартоломеј.
По повеќе од половина век минатата година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.