Двајца македонски државјани утрово биле затрелани во Халкидики, Грција. Инцидент се случил околу 3.30 часот, во нивната изнајмена соба, откако непознати мажи со качулки на главата им влегле во собата и пукале во нив.
Едниот, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на лице место, јавуваат грчките медиуми. Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Видете и ова: Три македонски банди го држат црниот пазар со дрогаСпоред грчите медиуми убиениот 39 годишен маж е познат скопски бизнисмен и сопственик на казино.
Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека стапиле во контакт со амбасадата во Атина и очекуваат информации, по што ќе излезат со официјално соопштение.
Според првите информации од грчката полиција, непознати напаѓачи со качулки отвориле оган врз двајцата додека престојувале во изнајмен апартман. 39-годишниот маж бил мртов на лице место, додека 45-годишникот со прострелни рани бил пренесен прво во Здравствениот дом Касандра, а потоа во Општата болница „Полигирос“, каде што е на лекување.
Сторителите исчезнале, а полицијата трага по нив.
Грчката полиција спроведува спроведува прелиминарна истрага.