Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во синоќешниот напад на руски беспилотни летала врз Киев, соопштија властите.
Според воените претставници на Киев, околу десетина беспилотни летала од иранско производство биле соборени над воздушниот простор на градот.
Ова беше трета ноќ последователни напади врз главниот град на Украина, само неколку часа по завршувањето на самитот на НАТО во Литванија, јавува Би-Би-Си.
Во пет окрузи, 19-годишна жена и 23-годишен маж биле хоспитализирани со рани од шрапнели.
Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека едно тело било пронајдено во станбена зграда во областа Подилски, северно од центарот на Киев.
Во претходните два дена од самитот на НАТО во Вилнус, на врвот на агендата беше поддршката на Западот за Украина.
Видете и ова: Русија изврши напади со беспилотни летала врз Киев, сите се одбиениЗеленски го искористи своето присуство за да се заложи за членство на Украина во Алијансата, но му беше кажано дека тоа ќе биде можно само „кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите“.
Тој претходно рече дека се чини дека „нема подготвеност“ Украина да биде поканета во НАТО или да стане членка. Но, во синоќешното обраќање тој изрази малку попозитивна оценка.
Зеленски изјави дека за прв пат од независноста, формирана е безбедносна база за Украина на нејзиниот пат кон НАТО.
„Многу е важно што во текот на овие два дена од самитот ги отстранивме сите сомнежи и нејаснотии околу тоа дали Украина ќе биде во НАТО“, рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека е „благодарен на сите што работеа за единство во Вилнус.