Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, го поздрави договорот меѓу ЕУ и Косово за првите чекори за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
„Очекуваме дека Косово ќе преземе други позитивни чекори и ќе продолжи со напредокот во таа насока“, напиша Борел на Твитер и додаде дека работата со страните ќе продолжи како дел од дијалогот за нормализација на односите.
Специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и вицепремиерот на Косово Бесник Бисљими во понеделникот постигнаа договор за првите чекори за смирување на тензиите на северот на земјата.
Договорено е официјална Приштина веднаш да го намали полициското присуство во и околу општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со редовна проценка на безбедносната состојба во соработка со Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС) и Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) за дополнително намалување на полициските сили во овие општини со српско мнозинство.
Видете и ова:
Дачиќ: Признавањето на Косово од страна на Израел предизвика штета врз односитеДруг чекор за деескалација на ситуацијата е Косово да не презема никакви чекори кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата, со цел да поттикне одржување на вонредни локални избори во четирите општини на северот и за воспоставување правна основа за одржување на избори.
Во меѓувреме, оваа информација ја потврди и Владата на Косово, наведувајќи дека „сите чекори ќе бидат завршени во рок од две недели“. Владата наведе дека присуството на полицијата ќе биде намалено за 25 проценти.
Тензиите на северот на Косово се зголемија на крајот на мај кога новоизбраните градоначалници се обидоа со помош на полицијата да влезат во општинските згради, на што се спротивстави локалното српско население.
Видете и ова:
Курти: Дел од полицајците се повлекуваат од општинските згради на северот на КосовоПрипадниците на српската заедница, кои се мнозинство на северот на Косово, ги бојкотираа последните априлски избори и не ги прифаќаат резултатите, односно новите градоначалници кои доаѓаат од редовите на албанската заедница.
Тие секојдневно протестираат пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток со барање градоначалниците да не доаѓаат на работа и да се повлече специјалната единица на косовската полиција од север.
Слични барања упати и најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, со додавање дека бараат амнестија за сите уапсени од косовската полиција поради инцидентите на северот.
На крајот на мај, протестите станаа насилни кога демонстрантите ги нападнаа војниците на Мисијата на НАТО во Косово (КФОР).