Од почетокот на руската инвазија на Украина, загинале околу 47.000 руски војници, според податоците добиени од новинарите од двата независни руски медиуми, Медуза и Медиазон, објавени во понеделникот. Руската инвазија на Украина започна во февруари 2022 година.
Новинарите ги пресметале загубите на руската армија за време на истражувањето со експертот Дмитриј Кобак, користејќи податоци од регистарот на наследните предмети на Федералната нотарска комора и податоците од Росстат.
„Минатата година во војната загинаа околу 25.000 мажи помлади од 50 години, а до крајот на мај годинава, вкупно околу 47.000. Поточно, бројот на загинатите е меѓу 40.000 и 55.000 со веројатност за 95 проценти“, велат новинарите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Се е минирано: Опасни пречки ја забавуваат украинската контраофанзива
Исто така, беше наведено дека три пати повеќе руски војници загинале во Украина во споредба со советските загуби во десетгодишната војна во Авганистан и девет пати повеќе од загубите на руските федерални трупи за време на првата чеченска кампања во 1994-1996 година, се вели во студијата.
Земајќи ја предвид војската, отпуштена од служба поради сериозни повреди, руските загуби, како што сугерираат новинарите, може да бидат најмалку 125.000 луѓе. Беше објавено дека оваа пресметка, како што се наведува, делумно ги вклучува исчезнатите.