Денеска времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час). УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 24 до 30 степени.
Утре времето ќе биде претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови со повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 26 до 32 степени.