Најмалку 6 загинати при експлозија во руска фабрика

Илустрација

Најмалку шест лица загинаа во експлозија што потресе фабрика за експлозиви во централна Русија, јавува руската новинска агенција Тасс.

Силна експлозија ја потресе најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви „Промсинтез“ во Чапаевск, во регионот Самара, објави рускиот канал Rybar Telegram, каде што најмногу пишуваат руските воени блогери.

Според информациите од итната помош шест лица загинале, а двајца се ранети.

Видете и ова: Пожар во руска нафтена рафинерија во близина на границата со Украина


„Експлозијата се случи за време на демонтирање на опремата за време на поправки во работилницата на фабриката „Промсинтез“ во Чапаевск.