МААЕ напредува во инспекцијата на нуклеарната централа Запорожје

Тим на МААЕ во инспекција на нулеарната централа Запорожје, јули 2023 година

Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ) „постигнува напредок“ во инспекцијата на неколку делови од нуклеарната централа Запорожје во Украина по тврдењата дека е минирана, изјави во петокот шефот Рафаел Гроси.

Украина и Русија меѓусебно се обвинија дека планираат провокација на локацијата, што предизвика тревога поради ризикот од радиоактивна катастрофа во најголемата европска нуклеарна централа.

Претходно оваа недела Гроси рече дека чуварот побарал пристап до покривите на двете реакторски единици, како и делови од турбинските сали и системите за ладење.

„Мислам дека напредуваме. Успеавме да ги завршиме обиколките на барите за ладење и на други места“, рече тој, додавајќи дека тие не видeле никакви знаци на експлозив или мини.

Тој нагласи дека претставниците на МААЕ се уште не успеале да ги посетат покривите на објектот.

„Сосема сум уверен дека ќе го добиеме ова овластување. Ова е борбена зона, тоа е активна воена зона, па понекогаш може да потрае ден или два за да се добие овластување“, рече тој.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Вежба за спасување во случај на нуклеарна хаварија во Запорожје

Во вторникот Киев ја обвини Москва дека планира „опасни провокации“ на локацијата, додека Русија ја обвини Украина за слични планови.

Украинската војска тврди дека „надворешни предмети слични на експлозивни направи биле поставени на надворешниот покрив на третиот и четвртиот реактор“ на локацијата.

Стравовите за централата опстојуваа за време на офанзивата на Москва на Украина и беа зголемени со уништувањето на браната што обезбедуваше вода за ладење на централата.

Гроси рече дека МААЕ има планови за вонредни ситуации за различни сценарија во централата и дека имаат јасна проценка за тоа какви механизми за подготвеност и одговор при итни случаи треба да бидат поставени доколку нешто се случи.