Кога ќе почне следната учебна година, одлука за десетина дена

Илустрација

Три предлози за кога да започне учебната година има Министерството за образование и наука (МОН). Да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Да остане почетокот на вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст или досегашниот концепт да почне на 1 септември и да заврши на 10 јуни.

Кој предлог ќе биде прифатен ќесе знае за околу десетина дена, кога според Министерот за образование и наука Јетон Шаќири се очекува да има конечен став за тоа кој од трите предлози што ги има МОН е прифатлив.

Видете и ова: Лицитација со датуми - кога да почне следната учебна година

Пред комисијата за човечки ресури, ќе бидат претставени предлозите, по што ќе биде донесена одлуката.

„Ние како Министерство за образование и наука (МОН), за трите предлози, ги собравме сите мислења почнувајќи од учениците, родителите, наставниците и од синдикатите. Во истата комисија ќе бидат вклучени од Унијата на средношколци, но и синдикатите за да го дадат своето мислење за делот за почеток на учебната година и мислам дека за 10 дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе се прифати“, рече Шаќири.

Видете и ова: Почнаа уписите во средно, ама свидетелства за завршено основно уште нема

Министерот Шаќири минатиот месец, најави дека има идеја за промени за учебната 2023-2024 година. По ова следуваа повеќе реакции, дел од наставниците и родителите велеа дека се против промена на датумот за почетокот на новата школска година и сметаа дека министерот за образование и наука Ј не нуди убедливи аргументи. Претседателот на СОНК , Неделков сметаше дека треба да се размислува и за почеток на 1-ви октомври.