Основното јавно обвинителство (ОЈО) осомничи 20 луѓе за криумчарење луксузни возила. Освен луѓето се сомничи и едно правно лице, соопшти Обвинителството на 5 јули.
Станува збор за криумчарење 14 луксузни автомобили е еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра, соопшти Обвинителството.
За осум луѓе има истрага поради сомнение дека криумчареле возила и фалсификувале исправи. За останатите 12 луѓе и правното лице има кривични пријави. Меѓу нив се и пет луѓе вработени во Министерството за внатрешни работи(МВР).
Обвинителството соопшти дека досега се уапсени 18 луѓе, а по двајца се уште се трага.
Јавниот обвинител од Основниот кривичен суд Скопје бара на осумте осомничени да им се определи мерка притвор, а на останатите мерки на претпазливост.
Во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на автомобили избегнувајќи ја царинската контрола, со лажни исправи ги регистирале возилата по што ги продавале, иако знаеле дека се предмет на кривично дело.
Видете и ова:
Цвета „бизнисот“ со мигранти низ Македонија, загрижува корупцијата„Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација“, рече обвинителката Наташа Сарамандова.