Шефот на романската разузнавачка служба (СРИ) Едуард Хелвиг на 3 јули рече дека поднесува оставка од својата позиција. Во образложението до медиумите зошто ја напушта позицијата, Хелвиг вели дека е опасност за демократијата некој да остане во таква позиција премногу години.
„Кај нас погрешен обичај е тие што се на власт да не ги напуштаат до последен момент. Мислам дека е потребен таков чекор. Тоа е гест на демократско здравје.Здраво е за демократијата, за односот на силите во државата директорот на служба да има временски ограничен мандат. Функцијата директор обезбедува пристап до значителен обем на чувствителни информации“, изјави тој.
Видете и ова: Кој е кој меѓу руските платенички воени компании?48 годишниот Хелвиг ја презеде позицијата на врвот на разузнавачката служба во 2015 година. Тој на прес конференција изјави дека го информирал претседателот Клаус Јоханис за неговата одлука. Во минатото, Хелвиг се залагаше за ограничување на мандатот на позицијата на шефот на разузнавачката служба.