Русија изврши напад со дрон врз Киев, прв по 12-дневното затишје, објавија локалните власти во неделата, 2 јули.
Според шефот на градската управа во Киев, Сергеј Попко, откриени се и соборени сите дронови „Шахед“ од иранско производство.
Покрај самиот град, цел била и регионот на Киев. Регионалниот гувернер Руслан Кравченко соопшти дека едно лице е повредено при падот на урнатините.
Во меѓувреме, украинската војска извести дека најинтензивните борби продолжиле во источна Украина, а нападите биле насочени околу Бахмут, Маринка и Лиман во провинцијата Доњецк, каде биле спроведени 46 борбени операции.
Видете и ова: Украинските сили: Tројца цивили загинаa, а 17 се ранети во најновите руски нападиНа редовниот брифинг во неделата наутро, Генералштабот на Украина соопшти дека во претходните 24 часа Русија извршила 27 воздушни напади, еден ракетен напад и околу 80 напади од повеќе ракетни фрлачи, насочени кон региони на север, североисток, исток и јужно од земјата.
Во Русија, локалните власти известија дека системите за противвоздушна одбрана собориле беспилотно летало над Белгородската област, која граничи со Украина, додека соседната Курска област се соочила со гранатирање.
Нема информации за жртви или материјална штета.
Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а во последните недели Украина започна контраофанзива.