Петта ноќ немири во Франција, уапсени најмалку 700 лица

илустрација од насилните немири во Франција, 1 јули 2023

Петтата ноќ на нереди поради полициската бруталност во француските градови доведе до апсење на најмалку 700 лица во текот на ноќта, јави ДПА.

Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот.

Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата.

Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 000 полицајци и пожарникари биле распоредени низ Франција.

„Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.

Видете и ова: Над илјада уапсени во немирите во Франција

Во петокот беа уапсени 1 311, а повредени 79 полицајци“, соопшти вчера француското МВР.

Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.