Украинските власти денеска објавија дека најмалку тројца цивили загинале, а 17 се ранети во руските артилериски напади во текот на ноќта во источна и јужна Украина.
Украинскиот гувернер на Доњецк Павло Кириленко изјави дека синоќа на линијата на фронтот во источниот регион каде што се водат жестоки борби загинале три лица, а 10 се ранети.
Украинскиот Генералштаб извести дека продолжуваат жестоките судири во три области на Доњецк каде, според нивните извештаи, Русија ги засилува трупите се обидува да напредува.
Видете и ова: Русите тврдат дека ги истерале украинските сили кај ХерсонКомандата на украинската војска ги наведува трите града Бахмут, Лиман и Мариника како жаришта на линијата на фронтот, истакнувајќи дека во текот на претходниот ден Русија направила неуспешни обиди за напад таму.
„Пет лица, меѓу кои и едно дете, се ранети вчера и во текот на ноќта во регионот Херсон на југ,“ изјави гувернерот Олександр Прокудин.
Прокудин рече дека руските сили извршиле 82 напади со артилерија, беспилотни летала и ракети на Херсон, регион кој е пресечен со фронтовата линија долга 1.500 километри и се уште се опоравува од поплавите предизвикани од уривањето на големата брана на Дњепар во јуни.