Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, рече дека меѓународната програма за обука на украински пилоти за летање со борбени авиони Ф-16 може да започне следниот месец.
Киев, кој започна контраофанзива против руските сили, постојано вели дека му се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на воздушната доминација на Москва.
Членките на НАТО, Данска и Холандија ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на пилоти и персонал за поддршка, одржување на авиони и на крајот снабдување со Ф-16 на Украина.
Во коментарите објавени на официјалната воена платформа, министерот за одбрана Олексеј Резников рече дека се надева оти обуката ќе започне откако ќе биде одобрена програмата, која моментално се подготвува.