Соединетите Држави воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои според нив се обиделе да се мешаат во локалните избори во САД, соопшти Министерството за финансии на 23 јуни.
Двајцата офицери на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), кои неодамна беа обвинети од Министерството за правда, одиграа значајна улога во обидите на Кремљ да спроведе „глобални малигни операции за влијание“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Видете и ова:
Совет на Европа бара на спортисти од Русија и Белорусија да им се забрани учество на Олимпијадата
Двајцата разузнавачи, Јегор Попов и Алексеј Суходолов, беа обвинети во април од страна на американското Министерство за правда, кое рече дека работеле на поткопување на демократските процеси во Соединетите Држави и во другите земји.
„Како дел од своите напори, Кремљ често ги користи социјалните медиуми како алатка за ширење дезинформации за да ги збуни и заведе граѓаните на глобално ниво и да ги кооптира интелектуалните американски лица за да ги унапредат оперативните и геополитичките цели на Русија“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Министерството за финансии ја обвини Русија дека регрутира луѓе и групи ширум светот кои се позиционирани да ги засилат напорите за дезинформација за да ги продолжи своите цели за дестабилизација на демократските општества.
„САД нема да толерираат закани за нашата демократија, а денешната акција се надоврзува на целокупниот владин пристап за заштита на нашиот систем на претставничка влада“, рече Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање.
Видете и ова:
Руски олигарх под санкции профитира од македонски брзи кредити
Но, не е соопштено за кои избори двајцата Руси се обвинети за обид за влијание.
Со санкциите се замрзнуваат сите американски средства што ги поседуваат поединци во американската јурисдикција и им се забранува на луѓето во САД да се занимаваат со нив.