Медиумот „Раша тудеј Балкан“ (Russia Today Balkan) е вклучен на листата на субјекти кои ќе се санкционираат во новиот пакет на рестриктивни мерки на Европската унија против Русија, стои во одлуката во која „Радио Слободна Европа“ имаше увид.
Според дипломатски извори, ЕУ испратила официјален допис до сите субјекти, вклучително и „РТ Балкан“, во кој ги информира дека овој ентитет ќе биде додаден на списокот со имиња на субјекти кои ќе бидат санкционирани.
Освен „РТ Балкан“, на листата медиуми кои ќе се санкционираат се и четири медиумски платформи „Ориентал Ревју“ (Oriental Review), „Царград“ (Tsargrad), „Њу истерн оутлук“ (New Eastern Outlook) и „Катеон“' (Katehon).
Видете и ова: Нови санкции на ЕУ кон Русија – Од кинески компании до РТ БалканВрз основа на одлуката до која имаше увид РСЕ, од 1 октомври 2023 година ќе стапат на сила рестриктивните мерки против овие вкупно пет медиуми под руска контрола.
„Раша тудеј Балкан“ започна со онлајн емитување на српски јазик во ноември 2022 година, повеќе од половина година од почетокот на војната во Украина кога ЕУ силно воведуваше санкции. Ова е последниот пакет од 11 рестриктивни мерки што ЕУ ги воведува како одговор на руската агресија врз Украина. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа политички договор за новиот пакет санкции на средбата одржана на 21 јуни.
Видете и ова: Кремљ ќе одговори на забраната на ЕУ на Раша ТудејНовиот пакет санкции забранува транзит преку Русија на стоки и технологија што би можела да ги користи руската војска или да и помогне на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор. Се воведуваат ограничувања за продажба на чувствителни стоки и технологија за двојна употреба на земји кои би можеле да и ги продаваат на Русија. Се проширува и листата на забранети стоки кои би можеле да служат за рускиот воен и одбранбен сектор. Пакетот го продолжува суспензијата на дозволите за емитување на ЕУ за пет руски медиуми под контрола на државата.