Романскиот инфлуенсер Тејт и уште тројца обвинети за трговија со луѓе и силување

Романија - Инфлуенсерот Ендрју Тејт

Романскиот инфлуенсер Ендрју Тејт, неговиот брат Тристан и две романски жени се обвинети за организирање криминална група на територијата на Романија, трговија и сексуална експлоатација на жени, силување и други злосторства. Четворицата, кои моментално се во куќен притвор, ги негираат сите обвиненија.

Романскиот закон предвидува случајот прво да биде проверен за неговата законитост од страна на судија пред да започне судењето. Поранешниот кикбоксер Ендрју Тејт (36) има двојно американско и британско државјанство. Тој има околу 5,9 милиони следбеници на Твитер.

Видете и ова: Романски инфлуенсер под истрага за трговија со луѓе

Според истрагата, осомничените ги регрутирале нивните наводни жртви заведувајќи ги и лажно тврдејќи дека сакаат врска или брак. Жртвите потоа биле принудени да произведуваат порнографска содржина за социјалните мрежи, при што осомничените го задржувале најголемиот дел од добивката.

Откриени се седум жртви во текот на истрагата кои биле принудувани на присилна работа. Во март 2022 една од нив била принудувана преку физичко и психичко насилство на многу сексуални односи.

Истражителите побараа и заплена на имот на осомничените межу кои се и 15 објекти и земјиште во три града во Романија, 15 луксузни автомобили и акции во 4 компании.