Во претрес на објект во Кондово во кој престојувал 37 годишен државјанин на Косово открено е оружје меѓу кое има и ракетен фрлач од југословенско потекло попознат како „Зоља“.
Во објектот пронајдени се и бомби, пиштоли, куршуми и проектили.
Во соопштението на обвинителствто се вели дека кај него бил пронајден рачен ракетен фрлач познат како “Зоља” од југословенско производство, како и три рачни бомби, но и друго оружје и муниција.
Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија упаси два лица кај кои пронајде оружје и муниција.
„Пронајден е еден пиштол за светлосно звучна сигнализација “Blow Automatic F92“, еден дел од пиштол, четири шаржери, 6 патрони од ловна муниција наменета за испалување од ловни огнени оружја, како и уште вкупно 164 куршуми, боева муниција, муниција изведена со панцирно пробивни проектили и муниција изведена со експандирачки проектили, се вели во соопштението.
Поради тоа што обвинителството се сомнева дека постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да го повтори делото, обвинителот од судија на претходна постапка побарал да му определи притвор.