Спасувачки екипи работат на извлекување на автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврди Министерството за внатрешни работо.
Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри. По наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.
Од Обвинителството соопштија дека јавен обвинител по извлекувањето на возилото продолжил со увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа и дека издадена е наредба за обдукција. Дополнително соопштија дека за приведениот возач на другото возило од судот побарале да му се изрече притвор во траење од 48 часа.
„ Станува збор за 64 годишен жител на Скопје, кој управувал со автомобилот „Фолсфаген туран“ со скопски регистарски табличи кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во кој бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување на краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.