УХМР: Водостојот на Вардар најмалку двојно повисок од просечниот

Илустрација

Највиската точка на водостојот на реката Вардар на 18 јуни во 07:30 часот е измерена 308 сантиметри во Демир Капија, потоа кај Јегуновце и тоа изнесува 216 сантиметри како и во Велес каде водостојот е 200 сантиметри.

Утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат значителен пораст на водостојот од претходниот ден кога во Демир Капија изнесувало 236 сантиметри што е за 24 сантиметри повеќе од измерениот водостој во петокот на 16 јуни. Во

Јегуновце водостојот во саботата изнесувал 208 што е за 48 сантиметри повисок од петочниот. Во Велес во саботата водостојот на реката Вардар изнесувал 164 што е за 20 сантиметри повисок од петокот.

Според информациите од УХМР просечното ниво на Вардар за јуни во овие делови е од 123 сантиметри во Демир Капија до 74 во Јегуновце.

Видете и ова: Истекот на вода од ХЕЦ „Вруток“ е стопиран поради опасност од излевање на Вардар


Според мерењата на УХМР, нивото на водата расте и на Пчиња, Црна Река, Струмица и на други водотеци, а во текот на денешниот и утрешниот ден има тенденција и за зголемување на водостојот.