Путин наспроти ММФ: Руската економија ќе има раст за 2 отсто

Владимир Путин на економскиот форум во Санкт Петербург, 16 јуни 2023

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на економски форум во Санкт Петербург, рече дека руската економија може да порасне за два отсто.

Во април Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозираше раст на рускиот бруто домашен производ од 0,7 отсто.

Видете и ова: Павел: Во моментов не се можни преговори со Путин

Путин, говорејќи на пленарна сесија на рускиот меѓународен економски форум во Санкт Петербург, рече дека јавните финансии се генерално избалансирани, намалувајќи го досегашниот буџетски дефицит од 42 милијарди долари оваа година во голема мера на пренесување на некои планирани расходи.

Аналитичарите, како и податоците, пишува Ројтерс, сугерираат дека падот на приходите од енергијата и зголемувањето на воените трошоци одиграле клучна улога.