Северна Кореја на 15 јуни истрела два проектили со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, помалку од еден час откако Пјонгјанг предупреди за „неизбежен“ одговор на воените вежби започнати претходно истиот ден од страна на Јужна Кореја и американските војници.
Последната акција на Северна Кореја следи по состанокот во Токио на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан со неговите јапонски и јужнокорејски колеги.
На состанокот денеска со јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чо Тае Јонг и јапонскиот советник за национална безбедност Такео Акиба, тројцата разговараа за ракетната програма на Северна Кореја и потврдија дека тесно ќе соработуваат за да го натераат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје, се вели во соопштението.
Видете и ова: САД, Јапонија и Јужна Кореја најавија размена на информации за севернокорејски ракетиЈужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол во четвртокот гледаше како неколку илјади јужнокорејски и американски војници учествуваа во заеднички вежби со гаѓање, во најновата демонстрација на сила за која сојузниците велат дека е неопходна за одвраќање на Северна Кореја.
Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Северна Кореја рече дека вежбите ги зголемуваат воените тензии во регионот и дека нејзините сили силно ќе одговорат на „секаков вид на провокација од непријателот“.
Пјонгјанг неуспешно се обиде да лансира шпионски сателит кон крајот на минатиот месец, прв таков обид од 2016 година, при што ракетниот засилувач и товарот паднаа во морето.