Зеленски потпиша декрет за поместување на Денот на победата од 9 -ти на 8 мај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша нацрт-законот одобрен од пратениците минатиот месец за да се одреди 8 мај како Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна, наместо Денот на победата на 9 мај, кој е наследен од советско време.

Повеќето европски земји го слават Денот на победата во Европа на 8 мај за одбележување на годишнината од поразот на нацистичка Германија во 1945 година.

Видете и ова: Окупација, ослободување и сега поплавата: Повторно прекинат животот во Херсон

Во Советскиот Сојуз се одбележуваше 9 мај, бидејќи договорот за предавање бил потпишан доцна во ноќта на 8 мај во Берлин, но поради временската разлика веќе било 9 мја на истокот.

Со новиот указ на Зеленски, 9 мај ќе биде работен ден во Украина, но ќе се одбележува како Ден на Европа.