Ким Џонг Ун повторно упати порака за целосна поддршка за Русија

Русија– Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, на средба во Русија, 25 април 2019.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе ја зајакне стратешката соработка со рускиот претседател Владимир Путин за нивната заедничка цел за изградба на моќна земја, објави државниот медиум КЦНА.

Ким го даде ова ветување во порака до Путин по повод одбележувањето на Националниот ден на Русија, бранејќи ја неговата одлука да ја нападне Украина и покажувајќи „целосна поддршка и солидарност“.

Лидерот на Северна Кореја повика на „поблиска стратешка соработка“ со Москва.

Видете и ова: Русија ќе ги проширува односите со Северна Кореја

„Правдата сигурно ќе победи и рускиот народ ќе продолжи да додава слава на историјата на победата“, рече Ким во пораката објавена од КЦНА.

Северна Кореја се обиде да воспостави поблиски врски со Кремљ и ја поддржа Москва откако таа ја нападна Украина минатата година, обвинувајќи ги САД и Западот за водење на хегемонистичка политика.