Почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски

Дарко Димовски

Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, објавија од најстарата синдикална организација во државата.

„Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, објавија од ССМ.

Димовски е претседател на ССМ од 2017 година позиција на која дојде од претседателското место во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ).