Канадскиот премиер Трудо во Киев за поддршка на Украина

Трудо им оддаде почит на меморијалниот центар во центарот на Киев на украинските војници кои беа убиени во борбите со проруските сили од 2014 година (Киев, 10 јуни 2023)

Канадскиот премиер Џастин Трудо го посети Киев во саботата, 10 јуни, во знак на поддршка додека Украина се подготвува за голема контраофанзива против руските сили и се бори со редовни воздушни напади, објави Ројтерс.

Трудо им оддаде почит на меморијалниот центар во центарот на Киев на украинските војници кои беа убиени во борбите со проруските сили од 2014 година.

„Добредојдовте во Украина, господине премиере“, твитна заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мелник, покрај фотографијата на која се ракуваат на перонот на железничката станица.

Видете и ова: Шолц ќе го бара Путин да му каже да се повлече од Украина

Членката на НАТО, Канада, која ја има една од најголемите украински дијаспори во светот, и обезбеди воена и финансиска помош на Украина за време на целосната инвазија што ја започна Русија во февруари 2022 година.

Ненајавеното патување на Трудо во Киев уследи по една ноќ на руски ракетни и беспилотни напади врз цели надвор од главниот град, вклучително и Одеса, регионот Полтава и Харков. Канадскиот премиер беше придружуван од вицепремиерката Кристиа Фриланд, говорник на Украина.