Путин-Трансферот на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе започне во јули

Илустрација, рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашнко при нивната последнат средба

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 јуни за време на разговорите со белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко изјави дека трансферот на тактичкото нуклеарно оружје од Русија во Белорусија ќе започне веднаш по завршувањето на изградбата на објектите на 7-8 јули.

Овој потег ќе биде прво распоредување на такви боеви глави од страна на Кремљ надвор од Русија од 1991 година, што ќе предизвика загриженост на Западот.

Русија и Белорусија на 25-ти мај потпишаа договор за формализирање на распоредувањето на руски тактички нуклеарни ракети на белоруска територија, потег што Москва рече дека е поттикнат од зголемените тензии со Западот.

Видете и ова: Русија и Белорусија потпишаа договор за распоредување нуклеарно оружје

Тогаш Соединетите држави и земјите од НАТО ја осудија одлуката на руските и белоруските власти, со оглед на тековната голема руска инвазија на Украина, сојузничките односи меѓу Москва и Минск и помошта што белоруските власти и ја даваат на руската армија.

Од инвазијата на Украина минатата година, Путин постојано изјавува дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“.