Загина поранешен командат на талибанците при експлозија во џамија во Авганистан

Илустрација, роднини ги извлекуваат телата од џамијата каде што имаше експлозија

Експлозија одекна во џамија во северната авганистанска провинција Бадакшан, при што загинаа поранешниот командант на талибанските безбедносни сили во градот Баглан и „неколку други“.

Шефот за информации и култура на провинцијата Бадакшан, Моазудин Ахмади за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека експлозијата се случила на 8 јуни за време на церемонијата во џамијата.

Видете и ова: Авганистанските специјални сили убија двајца припадници на Исламската држава

„Во овој инцидент, поранешниот полициски командант загина. Цивилните жртви се големи, конечната бројка сè уште не е позната“, изјави тој.

Три дена претходно, вршителот на должноста гувернер на талибанците во Бадакшан беше убиен во самоубиствен напад со автомобил-бомба.