Повеќе од 150 работници мигранти од Таџикистан се приведени од московската полиција, изјавија неколку работници за РСЕ, велејќи дека се држени во дворот на полициска станица.
Мажите рекоа дека полицијата ги разбудила во раните утрински часови на 30 мај, пред да бидат однесени „со четири автобуси“ во полицискиот штаб на областа Митино. Полицијата не наведе причина за нивното апсење, рекоа мажите.
„Сега сме во полициската станица... Полицајците не ни кажаа зошто сме одведени овде“, изјави еден таџикистански работник по телефон за РСЕ, кој сакаше да остане анонимен.
Контактирана од РСЕ, амбасадата на Таџикистан во Москва потврди дека е запознаена со инцидентот и дека се обидува да ја разјасни ситуацијата.
Засега нема јавни коментари или изјави ниту од руската полиција, ниту од таџикистански претставници.
Видете и ова:
Мигранти од Централна Азија преку Мексико до „американскиот сон“Имаше неколку извештаи за таџикистански имигранти кои беа собрани или тепани од полицијата во Русија во последните денови, главна дестинација за стотици илјади работници мигранти од Таџикистан.
Десетици таџикистански мажи беа собрани од полицијата во две одделни апсења во московскиот округ Можајски и градот Котелники во московската провинција минатата недела.