Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторник, на 30 мај, во Белград се сретна со амбасадорите на Квинта(САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) и шефот на делегацијата на Европската Унија.
На средбата присуствуваат министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, јави РТС.
Вучиќ во вторник ќе се сретне и со амбасадорите на Русија и Кина.
Во понеделникот вечерта тој ги повика Србите на северот на Косово да не се судираат со НАТО, а земјите од Квинта и меѓународната заедница да го „вразумат“ косовскиот премиер Албин Курти.
Вучиќ и се обрати на јавноста во понеделникот вечерта, на 29 мај, по интервенцијата во Звечан што ја презеде мировната мисија на НАТО во Косово КФОР.
Видете и ова:
Капчан: Косовската влада треба да се откаже од поставување градоначалници на северотВо текот на вечерта на 29 мај, претседателот на Србија разговараше со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и со потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи на Република Италија, Антонио Тајани.
Вучиќ ги информирал соговорниците за се што се случува на Косово и повторил дека Србија и Србите ќе сторат се за зачувување на мирот и стабилноста, се вели во соопштението од Претседателството на Србија.