Многу училишта низ Србија добиле дојави дека се поставени бомби, соопшти утрово на 29 мај српското Министерство за внатрешни работи за агенцијата Бета.
Извештаите се однесуваат на Белград и други градови, соопшти Министерството, додавајќи дека на терен се екипи за контрасубверзија.
Министерството за внатрешни работи пред само десет забележа повеќе од 200 лажни пријави за бомби во училишта во Србија.
Министерот за внатрешни работи Александар Вулин тогаш тврдеше дека целта била Србија да не одлучува самостојно и да одлучува под притисок.
Видете и ова: Дојави за бомби во Белград и Нови Сад„Секој напад започнува со реченицата - Затоа што не воведовте санкции кон Русија, ние ќе ви направиме ова или она. Тоа е мотивот за овие закани и јасна порака што се очекува и бара од нас“, рече Вулин за ТВ Пинк на 20 мај кога беше прашан за стотици лажни закани за бомби.
Во последните месеци, од почетокот на руската инвазија на Украина, јавните установи низ Србија беа цел на лажни извештаи за поставени бомби, а за само еден ден, на 16 мај, дојави беа доставени на 173 училишни адреси од 258 основни и средни училишта во Белград.
Мета на дојавите беа зоолошките градини, аеродромите, трговските центри, летовите на Ер Србија за Русија и мостовите.
Лажни извештаи за бомби се забележани и во соседните земји во последните месеци.