Коридори и кордони

МАКЕДОНИЈА - Од 1 јули граѓаните најверојатно ќе имаат можност повторно да користат евтина дневна тарифа на електрична енергија, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во интервју за утринската програма на телевизија Телма рече дека се прават последните анализи за тоа дали може да се врати евтината дневна тарифа.

МАКЕДОНИЈА - Работната група ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за инцидентите што се случија денеска во Звечан на северот на Косово, изјави дека на Косово немало посериозна или поголема криза од оваа во моментот.
Тој ова го кажа во своето обраќање вечерашниот митинг организиран од Српската напредна партија (СНС) во Белград.

МАКЕДОНИЈА - Собранието ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Процесот на реформи и нивното импелемeнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Крушево.

ИРАН - Иран го ослободи белгискиот хуманитарен работник Оливие Вандекастиле по речиси 15 месеци во притвор во размена на затвореници олеснета од Оман, соопштија властите на 26 мај.

УКРАИНА - Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во ракетен напад врз болница во Днипро, во источна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека нападот се случил и рече дека властите работат на спасување на луѓето од болницата. Претходно, регионалниот гувернер Серхиј Лисак изјави дека градот бил нападнат со ракети и беспилотни летала.

КИНА - Кинеските здравствени власти денеска предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата, јави ДПА. На училиштата во некои делови од земјата им е кажано да преземат мерки на претпазливост.

КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба за подигнување на борбената готовност на војската на Србија, откако косовската полиција употреби солзавец и шок бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. До ова дојде откако новоизбраните градоначалници се обидоа да влезат во службените објекти на општините, но наидоа на отпор од српските граѓани, вработени во привремените органи на тие општини.

САД / МАКЕДОНИЈА - Демократскиот сенатор од САД, Крис Марфи, ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, за да ја отворат можноста за членството на земјата во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потврди одлучноста за продолжување на европската интеграција. Лидерот на опозицијата Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав уставни измени нема да има.