Иран ослободи белгиски хуманитарец во размена на затвореници

Оливие Вандекастиле

Иран го ослободи белгискиот хуманитарен работник Оливие Вандекастиле по речиси 15 месеци во притвор во размена на затвореници олеснета од Оман, соопштија властите на 26 мај.

Белгискиот премиер Александар де Кро изјави дека 42-годишниот хуманитарец пристигнал во Оман.

„Ако се оди според планот, тој ќе биде со нас вечерва. Конечно слободен", додаде Де Кро.

Видете и ова: Иран и САД преговараат за размена на затвореници

Министерството за надворешни работи на Оман соопшти дека помогнало да се постигне „договор за размена“ и дека Иранецот, кој претходно бил затворен во Белгија, бил на пат за Техеран.

Ниту една влада не го именуваше ослободениот Иранец, но Техеран претходно побара ослободување на дипломатот Асадала Асади, затворен во Белгија за заговор за бомбашки напад на митинг на иранската опозиција во близина на Париз во 2018 година.